Арамии украле сребрен крст од црквата во Папрадиште, во Азот
Објавено на 1 септември, 2013 во 11:37
Освен сребрениот крст од 30 сантиметри украдени се и стари записи кои со децении биле чувани во сакралниот објект како и 10 илјади денари. Кражбата се случила ноќеска. Полицијата направила увид и трага по крадците.
Освен во село Папрадиште ноќеска ограбена е и црквата во селото Оморани. Таму трае полицискиот увид. Од СВР Велеса за попладне најавија повеќе информации./ Б.Н
