Општина Чашка преку проект обезбеди средства за парно греење во детската градинка
Објавено на 18 јули, 2019 во 08:31
Со грант во висина од 516.391,00 денари од Амбасадата на Полска во Северна Република Македонија ќе се инсталира ново парно греење во детската градинка во населба Чашка.
Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски го потпиша договорот со амбасадорот на Република Полска во Северна Македонија, г-дин Војциех Тицињски по работната средба во амбасадата во Скопје.
Реализацијата на проектот ,,Деца со насмевка – инвестиција во градинка во Општина Чашка” ќе им овозможи на најмалдите жители во општината, згрижени во клонот на детската градинка „Димче Мирчев“, подобри услови за дневен престој./У.Ј