Дваесет крводарители од Чашка даруваа крв

Објавено на 21 август, 2019 во 16:16

Krvodaritel fin

Триесет и шест годишниот Влатко Стојановски од населбата Чашка денеска по 41 пат даруваше крв на крводарителската акција организирана по повод денот на општината. Тој беше еден од дваесетмината жители на населбата кој ја подаде својата рака со цел да спаси нечиј живот.

-Постојано се одзивам на повиците за дарување крв. Бројката на дарувања самата за себе говори. Хуманоста треба да биде наша граѓанска должност. Се надевам и пример за многумина, рече Стојановски.

Transfuziologija fin

Денеска кога Општина Чашка ја одбележуваше 23 годишнина крводарителската акција се реализираше во една од училниците на ООУ „Тодор Јанев“. И дел од наставниците беа крводарители. Екипата на Трансфузиологија беше задоволна од одзивот до 12 часот кога имаше веќе 15 крводарители.

Претседателот на Општинската организација на Црвен Крст Чашка, Роберт Новевски е задоволен од досега спроведените крводарителски акции

CaskaOOCK fin

– По две до три крводарителски акции се организираат на годишно ниво во Чашка и на нив вообичаено се одзиваат помеѓу 25 и 35 крводарители. Ние сме задоволни и им благодариме на граѓаните кои и денеска се одзваа, дојдоа и даруваа крв, рече Новевски.

Од дваесетмината кои денеска даруваа крв седумнаесет се мажи и три жени./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.