Д-р Чолакова Дервишова: Во знак на револт кон ФЗОМ, утре, матичните лекари нема да прегледуваат и препишуваат терапија, освен за итни случаи
Матичните амбуланти ,утре, петок, 17 февруари, нема да работат освен за итните случаи. Нема да работи ниту Мој Термин. Во знак на револт на игнорантскиот однос на Фондот за здравствено осигурување, кој подолг временски период, не ги исполнил барањата на матичните лекари за покачување на капитацијата но ги казнил дел од нив во ковид пандемија. Исто така револтот се однесува и за покачувањето на висината на минималната плата, што дел од нив во помалите градови и рурални места, неможат да ја исплатат како и за високите сметки за електрична енергија што им стигнале на корисниците на простор во Здравствените домови во државата.
-Стратешките барања за којшто колегите долго време се незадоволни се однесуваат на проблемот кој нема решение во случаите ако почине лекар во јавно здравство не се затвора одделение додека во приватните здравствени организации не е можно друг лекар да ја наследи амбулантата, што со години многу министри не сакаат да го прифатат иако е суштинско за примарното здравство. Исто се однесува и за приватни лекари и за стоматолози. Воведување на основен пакет на услуги поради тоа што енорма е работата но ограничени се средствата од 63 денари што не се доволни за да се работи без загуба. Сите наши пациенти просечно околу 2.800 денари одвојуваат за здравство а матичниот доктор добива само 63 денари по пациент. Мора да се зголеми процентот за двоење на средства за лекарите, за медицинските сестри, за да има здравствен персонал во сите населени места во Македонија. Казнената политика мора да се тргне и да се воведе минимален влез за да може рационално да работиме , рече д-р Лилија Чолакова Дервишова претседателка на Здружение на матични лекари на Македонија.
Таа утре ќе оствари средба со заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, на негово барање, и се надева на разбирање и прифаќање на барањата на матичните лекари и стоматолози. Но тоа нема да значи дека протестот нема да се одржи. Сите матични лекари од Велес, во 10:30 часот, во знак на револт, ќе излезат пред зградата на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Велес.
Д-р Чолакова Дервишова ги повика граѓаните кои имаат потреба од препишување на терапија или прегледи тоа да го сторат во текот на денешниот ден и повтори дека утре иако приватните амбуланти ќе бидат отворени ќе работат само за итни случаи.
Убавка Јаневска