Водата стигна и до домовите на жителите на Лаки, кај Демир Капија!

Објавено на 5 јули, 2013 во 13:19

Дваесеттината жители на месноста Лаки кои се сточари, од вчера, во домовите имаат вода за пиење. Сега очекуваат да им ги олесни условите за живот и за работата.

Водоводот во употреба го пушти градоначалникот Трајче Димитриев.

Општината беше инвеститор а иведувач ЈКП Бошава.

Водоводната мрежа е  во должина од 450 метри. Поставено црево  ф 63, заедно со цевка во бунарот и  електрична пумпа,  хидрофор.

Притисокот од 7 бари е доволен за нормално водоснабдување на дваесетината домови. Општината планира системот да го надгради со резервоар. /Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.