Изграден е тренинг центарот за туризам во Демир Капија

Објавено на 21 септември, 2013 во 13:16

Завршена е изградбата на едукативниот тренинг-центар за туризам во Демир Капија, соопшти денеска Виолета Јанкова, советник за туризам во општината.

– Тренинг центарот за туризам е плод на прекугранична соработка помеѓу општините Демир Капија и Лерин од Грција. Веќе е формирана фондација која ќе раководи со центарот, а во чие раководство влегуваат по едно лице од двата партнера – учесници во проектот. Целта е обука на кадри потребни во туризмот и вмрежување на туризмот со крајна цел туристички пакети кои ќе ги нудат во заеднички  аранжмани туристичките потенцијали на двете општини – изјави Јанкова.

Целокупниот проект е финансиран од Европската Унија со над 300 илјади евра. Се очекува центарот свечено да биде пуштен во употреба на 7 ноемеври, денот на ослободувањето на Демир Капија.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.