(фото) Денешни работни активности на ЈКП „Дервен“
Објавено на 27 февруари, 2024 во 14:53
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/02/425331941_791928202959430_1617496285916982266_n-1024x768.jpg)
Јавното комунално претпријатие „Дервен“ преку својот фејсбук профил ги сподели своите денешни активности. Како што може да се види и од поставените фотографии вработените работеле на разни локации.
-Исчитена е улицата „Белградска“ и дива депонија на улица „Хаџи Косте“. Беше реализирано и кроење и расчистување на неорганизирано зеленило во населба Речани. Фрезирање на почвата на јавна површина на улица „Благој Ѓорев“. Поставен е и контејнер за смет од 1.1м3 на улица „Хаџи Косте“, кај Железен мост. Исто така, направена е дислокација на водоводна линија во населба Бела Вода. Расчистен е и теренот по поправка на дефект на водоводна линија на улица „Оливер Китановски“, пишуваат од ЈКП „Дервен“.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)