Десанка Илова именувана за в.д раководителка на ПЕ на Фонд за здравство во Велес

Објавено на 12 август, 2024 во 11:22

Триесет и девет годишната Десанка Илова е дипломиран економист со 8,5 годишно работно искуство во Подрачната единица на Фондот за здравство во Велес. Илова е именувана за раководител со овластување од страна на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на 1 август, 2024 година.

-Досегашното работно искуство ми дава за право да кажам дека добро ја познавам работата на институцијата. Ќе се залагам за реализација на добрата практика, поточно, издавање на навремена, квалитетна и ефикасна услуга на осигурениците во остварување на нивните права, рече Илова за Дума.мк.

Таа доаѓа на местото на досегашната раководителка, дипломираната правничка, Валентина Делиманчева Андреева.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.