Дигитализирано јавното комунално претпријатие во Чашка, граѓаните електронски плаќачи на вода и смет
Повеќе од 2.200 домаќинства, регистрирани во над 15 населени места, во Општина Чашка од месец мај, годинава, сметките за вода и смет наместо во банка ќе можат да ги плаќаат преку интернет. Банкарската провизија ќе биде на товар на јавното комунално претпријатие „Тополка“. Он лајн плаќањето пак ќе му донесе заштеда на комуналното претпријатие и во делот на човечки ресурси. Дигитализацијата, исто така, ќе се почувствува и во делот на помала веројатност на грешки затоа што инкасаторите ги читаат водомерите веќе со таблети од кои податоците директно се собираат во базата на податоци на комуналното претпријатие, рече градоначалникот Горан Стојановски.
Според Стојановски, исто така, ЈПКД „Тополка“ ќеможе да следи дали инкасаторот редовно ги чита броилата додека се што треба да сторат граѓаните е регистрација во е-корисник на веб страната на претпријатието www.topolka.mk каде ќе се креира сандаче во кое за секое домаќинство ќе се креира сметка како за плаќање така и за следење на состојбата со плаќањето на сметките.
Стојановски потенцираше дека високо во приоритетите за квалитетна работа на општината е позиционирана дигитализацијата на услугите, со која ќе се овозможи значително олеснување на услугите за граѓаните и дополнителни можности за поголема ефективност и ефикасност.
За завршената реализација на овој проект „Современи услуги за ЈПКД Тополка“ , општина Чашка обезбеди финансиски средства во висина од од 1.600.000 денари или 26.000 евра од Биро за регионален развој.
Убавка Јаневска