Дневен полициски билтен: Лишен од слобода дилер на дрога во Велес, фатени двајца крадци и тепачка

Објавено на 16 март, 2023 во 11:31

Сектор за внатрешни работи Велес инфомира дека во изминатото деноноќие, на 15 март, биле пријавени биле лишени од слобода двајца крадци, еден дилер на дрога но била пријавена и една тепачка.

Полициски службеници од СВР Велес го лишеле од слобода четириесет и четири годишниот велешанец Д.Л. Тие при претрес во неговиот дом, кој бил извршен по судска наредба, пронашле и одземале пакувања со марихуана како и дигитална вага.  

Потоа, во Велес, од страна на полициски службеници бил лишен и триесет годишниот А.С кој се сомничи дека со подесен алат влегол во објект на правно лице на улица „Алексо Дамниевски Бауман” и украл повеќе предмети и демонтирал електрични инсталации од командните апарати.

Двајцата велешани биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така, од СВР Велес информираат и за кражба извршена на 12 март, во камп приколка лоцирана во „Нари“, атар на село Крњево, од страна на четириесет и седум годишниот Б.С од село Теранци. Тој украл разновиден алат. Лицето било приведено во Полициска станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

Во Полициска станица Кавадарци била пријавена и тепачка од четириесет и осум годишниот А.Ј од Росоман. Поточно, тој пријавил дека по кратка вербална расправија бил физички нападнат од Љ.П од Росоман. Се работи на расчистување на случајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.