ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” Велес домаќин на стопанственици од Германија (фото)

Во рамки на делегациска посета, составена од Управен одбор на Стопанската комора на регионот Фулда од Германија со македонски преставници од АХК, денеска, беа гости на државното средно стручно училиште „Коле Неделковски“ во Велес. Германските стопанственици допатуваа во Македонија со цел разгледување на земјата како потенцијална локација за бизнис и инвестирање. Во нивната Агенда посетата на велешкото државно стручно училиште е поради фактот на најголем долгогодишен социјален партнер на германската инвестиција „Маркард“ во државава.

Германските стопанственици покажаа особен интерес за изведување на практичната настава со посебен акцент на Дулано образование, паралелките како и кабинетите за изведување на практичниот дел од образовниот процес.

-Гостите беа пријатно изненадени и задоволни од тоа што го видоа во училиштето. Ги посетија кабинетите и се интересираа за опремата којашто се користи за изведување на практичниот дел од образовниот процес. Разговорот беше во насока на подобрување на усовите, како кадровски така и технички, со опрема што ќе обезбеди непречено следење на современиот технолошки напредок. Податокот дека вкупно 980 ученици се образуваат во училиштето, во кое од година во година е се поголем интересот за упис, како и дека поседува солидни, да не речам одлични услови за изведување на практична настава, преставуваше предизвик и за оваа посета на странски стопанственици. Нашиот впечатокот од денешната посета е нивниот интерес за вкучување, на било кој начин, во помош на стручното образование со цел училиштата во државата да можат да создадат поквалификуван кадар за потребите на македонскиот пазар на труд, рече Горан Богоевски директор на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски”.
Убавка Јаневска


