Два нови пожари регистрирани во ТТПЕ Велес
Објавено на 6 јули, 2022 во 14:07
Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера изутрина, во 05:56 часот, било пријавено дека во воен магацин на АРСМ пред село Сујаклари настанал пожар на бандера на којашто има кабли за електрична енергија.
Исто така, во 17:15 часот, било пријавено дека во населба Речани настанал пожар на сува трева и неколку родни дрва во сопственост на четириесет и две годишниот С.К од Скопје.
Од СВР Велес информираат дека и двата пожари биле изгаснати од страна на Територијалната противпожарна единица Велес и во двата случаи нема повредени лица.
Стефани Манева