Две Велешанки кои питачеле на градските гробишта во Неготино го нападнале чуварот
Објавено: 18 март, 2024, во 13:19 часот
Педесет годишниот неготинец Т.Б кој работел како чувар во Јавното претпријатие Неготино, вчера, во 12:45 часот во Одделение за внатрешни работи Неготино пријавил дека бил физички нападнат од две велешанки кои питачеле на Градските гробишта во Неготино.
-Т.Б пријавил дека бил физички нападнат од Џ.Џ.(29) и А.Џ.(28), двете од Велес затоа што не им дозволувал да питачат на гробиштата, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Стефани Манева


