Еден ковид пациент транспортиран од велешка болница во Систина, Скопје
Објавено на 20 јануари, 2022 во 13:22
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 36 ковид пациенти од кои 27 се потврдени позитивни, пет пациенти се сомнителни и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти на болничко лекување.
-Еден пациент, маж на шеесет и една година е транспортиран во приватна клиника „Систина“ во Скопје. Од болничките пациенти на кислородна поддршка се 17 пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат 31 пациенти и на Интерно Б одделение пет пациенти. Во велешка болница има слободни 19 болнички кревети.
Стефани Манева