Фабрика за бизнис идеи на ученици, менторирано од професори од ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес

Објавено на 15 јуни, 2021 во 11:56
Дел од учесниците

Деветто одделенци од четирите основни училишта во градот, поделени во 11 тима развиваа бизнис идеи што беа презентирани на zoom платформата пред соученици, наставници, директори на училишта, преставници на бизнис секторот и други гости. Овие бизнис идеи се плод на нивните истражувања и повеќемесечна тимска работа. Менторската поддршка на учениците ја обезбеди ОСУ „Јовче Тесличков“ со наставници по иновации.

Презентација преку ZOOM платформата

-Процесот на креиеање  бизнис идеи деветтодделенците  го започнаа пред неколку месеци, на часовите по Иновации,  преку методологија– Design Тhinking, која е всушност е начин на работење и размислување, односно  еден вид на упатство со конкретни чекори преку кои учениците полесно и побрзо ги решаваат проблемите. Со Design Thinking учениците креираа иновативни решенија за одредени проблеми кои се важни за нив, а потоа од нив креираа производи кои се воодушевувачки  – рече Маја Талеска-Панова,професор по Економски предмети и Иновации.

Дел од учесниците

Средното економско училиште, овој настан го организираше со цел да ги поттикне деветто одделенците своите идеи да ги преточуваат во иновативни решенија. Тоа го правеа преку претставување на својата бизнис идеја на концизен и краток начин. На тој начин  развива комуникациските вештини, унапредување на чувството за тимска работа и комуникација во група . Всушност „Фабрика на Бизнис Идеи “ претставува реална шанса учениците да ги покажат своите знаења, а  компаниите да препознаат млад претприемачки потенцијал.

Презентација на бизнис идеја

-Учениците имаа повеќе претприемачки предизвици, односно преку своите презентации имаа можност да се истакнат во некоја претходно зададаена категорија, за на крај да се здобијат со димпломи, и тоа за Најдобра Маркетинг Стратегија, Најдобар Бизнис Концепт и Најиновативна Бизнис Идеја“-рече Радмила Андовска, професор по Економски предмети и Иновации.

Дел од учесниците
Фабрика за бизнис идеи

Каролина Манаскова и Бранка Андовска, професорки по Економски предмети и Иновации, беа задоволни од овој настан и го квалификуваа како успешен затоа што учениците покажаа интерес и во исто време развија интересни бизнис идеи, како за бизнис заедницата така и за локалната заедница.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.