Физички нападната малолетничка во Велес
Објавено: 9 септември, 2022, во 10:58 часот
Во кругот на основно училиште во Велес малолетно девојче било физички нападнато од друг малолетник. Случајот го пријавил нејзиниот татко, педесет годишниот С.З на 7 септември, среда, во 13:30 часот а настанот се случил два часа претходно.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева



