Физикална во велешка болница, не е повеќе ковид одделение

Објавено на 4 мај, 2021 во 15:40
Одделение за Физикална терапија, Општа болница Велес

Поради намалувањето на бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница,  Одделението за Физикална терапија од денеска е ставен во времено мирување. Во моментов, вкупно се хоспитализирани 72 ковид пациенти од кои 56 се потврдени позитивни, шест сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 26 пациенти, соопшти д-р Елеонора Јованова, потпарол на Општа болница Велес.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 40, на Интерно одделение седум пациенти и во Модуларна болница вкупно 25 ковид пациенти.

Стефани Манева

Сподели: