Фондација „Никола Јанчев“ донираше ултразвучен апарат на Клиниката за гастроентерохепатологија

Објавено на 17 јуни, 2022 во 16:46
Фото: Современ ултразвучен апарат

Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денеска го презентираше новиот современ ултразвучен апарат како дел од Центарот за болести на црн дроб. Медицинскиот апарат примарно ќе се користи во дијагностика на карцином како и за други ултразвучни иследувања потребни на пациентите на оваа клиниката. Медицинскиот апарат е донација на Фондација „Никола Јанчев“.

Д-р Калина Гривчева Старделова, упати благодарност до донаторот, фондацијата „Никола Јанчев“, изјавувајќи дека медицинскиот апарат е одличен за одредување на структурата на црниот дроб и за рано дијагностицирање на сомнителни промени во градбата на виталниот човечки орган. Исто така и во делот на потребните испитувања како и во лекување на вирусните хепатити Б и Ц.

Фото: Јанинка Чупаркоска и д-р Калина Гривчева Старделова

Станува збор за медицински апарат од новата генерација на опрема, вреден 2 милиони и 300 илјади денари, кој што е од особено значење во лекувањето на пациентите.

За Јанинка Чупаркоска од Фондацијата „Никола Јанчев“ со донацијата на ултразвучниот апарат покажана е хуманост во време на глобална  економска криза со цел да се помогне на македонското здравство во интерес на пациентите и на граѓаните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.