(фото) Целосно е реконстуиран просторот на Здравствен дом во Центар за јавно здравје
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-1.jpg)
Стоматолошката ординација, лабараторијата, тоалетите, како и неколку амбуланти коишто се издадени на концесионери во сопственост на Здравствен дом, а сместени во Центар за јавно здравје, се целосно реновирани. Сега на пациентите им се овозможува здравствена услуга на повисоко ниво.
Директорот на Здравствен дом Велес, Нино Николов, за Дума.мк рече дека овој простор од околу 200м2 е проект целосно финансиран од споствени извори на средства чија вредност е во износ од околу 2,5 милиони денари.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-2.jpg)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-3.jpg)
-Изведени се градежни работи во кои е заменета старата дограма со нова, нови врати, како и поставени се нови подни плочки во ходниците и амбулантите на Здравствениот дом како и реконструкција на тоалетите за пациентите. Сметаме дека после изминатите повеќе децении им овозможуваме на граѓаните како пациенти да ги користат услугите на здравствениот дом во целосно обновени простории поради кои и квалитетот на здравствените услуги ќе биде на повисоко ниво. Секако тука е и енергетската ефикасност за самиот здравствен дом поради замената на дограмата, додаде Николов.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-17.png)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-18.png)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-19.png)
Покрај оваа инвестиција, директорот Николов додава дека во текот на претстојната година ќе се залага за целосна реконстукција и на фасадата на главната зграда на ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)