(фото) Отворен ден во ССОУ „Димитрија Чуповски“, училиштето се промовираше пред идните средношколци

Објавено на 29 мај, 2024 во 14:47

Деветтооделенците од сите основни училишта од градот, околните општини како и регионот ,денеска го посетија велешкото хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ и детално се запознаа со секторите и квалификациите коишто годинава за нив ги нуди училиштето. Тие покажаа голем интерес и во голем број на почеток на денот ги посетија просториите во коишто се изведува и практична наставата, поточно козметичкиот салон, аптеката, кабинетот по анатомија и физиологија, двата кабинети по нега на болен, како и една од хемиските лаборатории и пекарата во училиштето.

Професорката Мимоза Јовиќ додаде дека нивните идни средношколци покрај внатрешниот дел на училиштето имале можност да ги посетат и штандовите во доворот на коишто средношколците преку забавни игри им ги презентираа секторите на деветтооделенците.

-На штандовите беа претставени нашите сектори и квалификации, поточно беа претставени пекарите, техничарите за заштита на животна средина, техничарите за козметичка нега и убавина како како и учениците од секторот Здравство и социјална заштита на коишто идните средношколци можеа да се запознаат со дел од тоа што го работат и изучуваат нашите ученици. Сите идни средношколци добија и флаер со цел да разгледаат кои сектори и квалификации ги нуди нашето училиште за упис следната година. И нашите деловни партнери, Агриа, двете пекари Палма, бурекчилница ЦЕЦЕ, пекара Ќоше, фурна Гемиџии, аптеките Зегин и Еурофарм, Технолошко – техничкиот факултет – Велес со свои штандови земаа учество на отворениот ден како и Факултетот за туризам и менаџмент – Скопје кој беше дел од овој настан, објасни Јовиќ.

Инаку деветтооделенците во ССОУ „Димитрија Чуповски“ може да бираат помеѓу три сектори и тоа сектор Здравство и социјална заштита каде може да бираат меѓу квалификациите фармацевтски техничар/медицинско лабараториски – санитарен техничар којашто е комбинирана дуална паралелка, потоа медициска сестра како и физиотерапевтски техничар/гинеколошко акушерска сестра којашто исто така е комбинирана дуална паралелка.

Потоа, во секторот Лични услуги деветтооделенците може да ја изберат квалификацијата техничар за козметичка нега и убавина додека во секторот Хемија и технологија може да ја изберат четиригодишната квалификација техничар за заштита на животната средина/хемиско лабораториски техничар којашто е комбинирана паралелка и нуди дуално образование како и класификацијата месопреработувач/пекар, исто така комбинирана паралелка со тригодишно траење. Во сите дуални паралелки учениците имаат можност да конкурираат за стипендија.

Првите уписи на идните средношколци се од 20 до 25 јуни, годинава, како и на 1 и 2 јули, 2024 година.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.