(фото) Прогласени најдобрите ученици, оратори и ученици со најубав ракопис во Општина Велес
На традиционланта манифестација што со години се оддржува во нашиот град на самиот ден на одбележувањето на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј за годнешни најдобри ученици прогласени се Ана Митровска од ООУ„Св.Кирил и Методиј“ и Андреја Нешов, ученик во ССОУ„Димитрија Чуповски“.
Ана Митровска, е ученичка во 8-мо одделение во Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Во своето осумгодишно школување постигнува солидни резултати по сите наставни предмети. Ана е нашиот гениј со сите нишани. Во досегашното школување, зад неа се бројни освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари.
Само во периодот мај 23та- мај 24та има освоено:
-1 место Математика- општински, регионален и државен натпревар
2ро место физика –општински натпревар, 3-то на регионален и 1во на државно ниво
3то место хемија, општински Бронзен медал на 27та јуниорска македонска математичка олимпијада, пишува во образложението на жири комисијата.
Андреја Нешов е редовен ученик во трета година, здравствена струка, образовен профил медицинска сестра. Тој е одличен ученик, кој активно учествува во реализација на наставата, совесно и одговорно пристапува во реализација на зададените задачи и постигнува одлични резултати. Минатата учебна година беше прогласен за ученик на генерацијата. Особен интерес покажува кон природните науки, учествува и освои награди од натпреварот по хемија, доби награда и од областа на биологијата и македонскиот јазик. Тој е учесник и добитник на многу награди од општински, регионални и државни натпревари. Во текот на оваа учебна 2023/2024 година Андреја Нешов учествуваше на натпреварите по хемија и ги оствари следниве резултати:
Општински натпревар – втора награда
Регионален натпревар – втора награда
Исто така се закити со награди и на натпреварот по нанотехнологија
Регионален натпревар – прво место, образложуваат од жири комисијата.
Градоначалникот Марко Колев ги додели и наградите на учениците добитници на натпреварот по ораторство. Третото место го доби Теодора Панова ученичка во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ под менторство на Цветанка Карамаркова, второ место и припадна на Марија Бошевска од ОСУ „Јовче Тесличков’ под менторство на Милка Петровски. Првото место го доби ученичката во втора година, Јана Пљокова од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ под менторство на Александра Стојановска. Победничката пред многубројната публика го прочита својот победнички говор на тема „Во почетокот беше Словото“.
Годинава, за прв пат беше организиран и натпревар по убаво пишување – краснопис. Ласко Џуровски, истакнатиот графички дизајнер и типограф, авторот на фонт од рациновиот ракопис донесе одлука третото место да и припадне на Ана Петрова од осмо оддление од ООУ „Блаже Конески“, второт место го освои Росица Коларовска од деветто оддление од ООУ „Блаже Конески“ додека со титулата победник на првиот натпревар по краснопис се стекна Мила Спасовска, осмо одделение во ООУ „Васил Главинов“.
На денешната свечената академија градоначалникот Марко Колев рече дека и во наредните години ќе ја негуваат оваа традиција и ќе придонесуваат да расте со повеќе активности и додаде дека со овие настани се зачувува македонската азбука, јазикот и идентитетот.
На почетокот но и на крајот од свечената академија, детскиот хор „Свети Кирил и Методиј“ ја почести публиката со неколку музички точки.
Стефани Манева