(Фото) Ученици на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци со Црвен Крст се донатори на прочистувачи на воздух за ученици со посебни потреби
Младите волонтери вклучени во програмата на Црвениот крст во акција за промоција на хумани вредности кои што доаѓаат од ООУ „Тоде Хаџи Тефов” од Кавадарци годинава работеа на подршка и помош на дневни центри и институции насловен како “Еднаквост”. Овие младинци преку бројни активности како што се спортски турнир, хуманитарен концерт во Дом на култура „Иван Мазов Климе“ и друго успеаа да соберат доволно парични средства за набавка на два прочистувачи за воздух за ,,Центарот за подршка на учење на ученици со посебни потреби” при ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци.
Покрај тоа што набавија два прочистувачи за воздух овие млади волонтери поминаа и доста време заедно со лицата што го посетуваат овој центар. Дисеминатор за сите групи на ученици за овие проекти е Даниела Лазовска од Црвениот крст Кавадарци од каде упатија благодарност до директорката на училиштето и до наставниот кадар за подршката на овие ученици во остварување на нивната цел.
Убавка Јаневска
Фото галерија: