(фото) Велешанки подготвија вкусни специјалитети за Етно вешта жена во Кавадарци, собраните средства ќе бидат наменети за дечињата со посебни потреби

Објавено: 10 ноември, 2025, во 14:28 часот

Осум велешанки, членки на организацијата на жени беа дел од хуманитарната манифестација „Етно вешта жена“ во Кавадарци, каде што подготвија богата понуда од традиционални вкусни специјалитети. Меѓу нив имаше солени и благи погачи, суви благца, сукано тесто, салати и свежо овошје, кои веднаш го привлечоа вниманието на посетителите.

Мирјана Трајкова претседателка на Организацијата на жени на Општина Велес за Дума.мк сподели дека сите производи биле пофалени од посетителите и целосно распродадени за краток временски период.

-Од собраните средства, во наредниот период, по повод новогодишните празници, ќе подготвиме новогодишни пакетчиња, ќе направиме повторно вкусни солени и благи производи и ќе ги поделиме на дечињата со посебни потреби, онаму кадешто е најпотребно, објасни Трајкова.

Хуманоста на овие велешанки уште еднаш докажа дека со заедничка посветеност и љубов може да се создадат дела што носат радост и помош на оние кои најмногу имаат потреба.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.