(фото) Велешките извидници положија свежо цвеќе на гробот на Панко Брашнаров во Мирогој
Објавено на 26 февруари, 2024 во 12:40
Делегација на велешкиот извидничкиот одред „Димитар Влахов“, во саботата, на 24 февруари, положи свежо цвеќе на гробот на Панко Брашнаров во Мирогој во Загреб.
Тони Јошевски, Владимир Ивановски и м-р Ангелче Гушев велат дека оваа посета во Загреб е доказ за тоа колку извидничкиот одред се грижи за историјата на својот Велес и големите личности кои се родени и твореле во нашиот град.
Посетата во Мирогој била дел од програмските активности на извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес, во рамките на прославата на 22 февруари – Светскиот ден на
извидништвото “World Thinking Day” – Денот на сеќавањето.
Стефани Манева