Фото вест: Небото над Велес под молњи
Објавено на 6 јули, 2022 во 13:40
Читатели на Дума.мк се автори на фотографиите на којшто се уловени три од повеќето молњи кои вчера вечер го преплавија небото над Велес во текот на невремето проследено со обилен дожд.
На невремето му претходеше силен ветер, пишуваат нашите читатели, кои сведочат и за спуштени електрични кабли на улично осветлување во делот над Авона за што полицијата обезбедувала улици се додека не завршила интервенцијата на екипите на ЕВН Македонија.
Според нив потоа небото над градот го преплавија серија од електрични празнења, а тие успеале да фотографираат три од повеќето молњи.
Убавка Јаневска