Голем одзив на крводарителската акција со Мото клуб „Носачи на крстот“

Објавено на 10 април, 2023 во 11:12

Вкупно 154 крвни единици беа собрани на вчерашната крводарителска акција одржана во Ликовен салон во Велес. Оваа шест часовна крводарителска акција беше во организација на велешкиот црвен крст и Мото клубот „Носачи на крстот“.

Во реализацијата на акцијата учество земаа десеттина волонтери од Клуб на млади при Општинската организација на Црвен крст и беше спроведена заеднички со два тима од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Од велешкиот црвен крст информираат дека ова е трета пролетна акција со Мото клубот на која се реализираа реорден број на дарувања.

Велешани повторно докажаа дека несебично, на секоја крводарителска акција ја подаваат својата рака и донираат од својата црвена течност којашто спасува животи.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.