Голем одзив за аплицирање на бустер доза на вакцина во Велес, засега само од повозрасните граѓани

Објавено на 27 октомври, 2021 во 13:11

Полни ходници со граѓани коишто своеволно или со стигната порака на Мој термин, чекаат ред за аплицирање на трета доза вакцина против Ковид-19. Оваа слика ја регистрираше Дума.мк денеска, кога го посети вакциналниот пункт во оваа здравствена институција во градот. Сите граѓани и припаѓаат на возрасната категорија. Нема метеж, секој доаѓа и чека ред за да биде вакциниран. Според д-р Марина Тодоровска, денеска, до 11 часот, вкупно 130 граѓани примиле трета доза „Фајзер“ и 20 граѓани прва доза на вакцина против Ковид-19.

-Масовно аплицираме трета доза вакцина „Фајзер“ кај граѓани коитшо имаат примено две дози кинеска вакцина. Трета доза на вакцина се дава по изминување на три месеци од примањето на втората доза вакцина. Започнавме со вакцинирање на 48 граѓани дневно, потоа 155 дози дневно и сега даваме од 250 до 300 дози на ден трета доза од вакцината „Фајзер“, додаде д-р Тодоровска.   

Исто така голема е заитнересираноста за примање на вакцина од возрасни граѓани коишто не можат да дојдат до вакциналниот пункт па затоа екипите вакцинираат во домашни услови.

-Подолго време не вакцинираме по околните села, но вакцинираме граѓани во Велес коишто се непокретни или тешко покретни. Граѓаните си ги пријавуваат со доаѓање во пунктот на ЈЗУ Здравствен дом Велес или со пријавување преку телефонскиот број. Исто така зголемен е интересот и за аплицирање на трета доза од вакцината „Фајзер“ во домашни услов, додаде д-р Тодоровска.

Во моментов во ЈЗУ Здравствен дом Велес, граѓаните немаат можност да се вакцинираат со прва доза на вакцина „Синовак“ или „АстраЗенека“. Вакциналниот пункт во Велес располага само со количини на вакцини од видот „Фајзер“ којшто може да ја примаат сите граѓани од 12 години до најстара возраст.  

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.