Гори кат од куќа во центарот на Велес (фото и видео)

Објавено на 2 февруари, 2023 во 08:50

Пожарот изби на третиот кат од семејна куќа на хуманитарката Ленче Здравкин на улица „Димче Мирчев“ број 1 во Велес. Пламенот ги зафати просториите што се наоѓаат на последниот кат од куќата на семејството и нема повредени членови.

Пожарот е пријавен во Територијална противпожарна единица утрово нешто пред осум часот. На лице место интервенираат две против пожарни возила и осум пожарникари.

Со повеќе детали од официјалните институции за пожарот во текот на денот.

Убавка Јаневкса

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.