Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, добил закани од сограѓанин
Објавено на 18 февруари, 2025 во 14:18

М.Ј(43) градоначалник на општина Кавадарци, вчера, во 14:05 часот пријавил закани што му ги упатил сограѓанин, пишува во полицискиот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес.
– Градоначалникот на Кавадарци добил закани од сограѓанин Н.Ј. од Кавадарци на социјална мрежа и на телефон. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска
