Се удави дете во канал за наводнување во атар на село Долно Чичево кај Градско

Објавено на 4 септември, 2020 во 09:41

kanalzanavodnuvanje fin

4.09.2020

Дете на две годишна возраст, синоќа, било пронајдено удавено во отворен канал за наводнување на место викано „Рамниште“ во атарот на село Долно Чичево во општина Градско.

Детето било од скопската населба Шуто Оризари.Тоа со своите родители привремено живеело на нива покрај лозовите насади на кои работеле мајката и таткото кои биле ангажирани во берба на грозје.

Несреќата се случила во момент кога родителите заминале до Градско за да испазарат храна.

Тогаш најверојатно детето, без да биде забележано од останатите грозје берачи, се упатило кон каналот со вода.

Бил повикан лекар од населба Градско кој ја констатирал смртта на детето. На неговото тело немало траги од насилство.

Настанот бил пријавен во полициската станица во 20 часот. Екипа на СВР Велес извршила увид на лице место.

По наредба на јавен обвинител телото на детето е предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје./У.Ј

Фото: Архива

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.