Агенцијата за вработување отвори канцеларија во Градско
Жителите на општина Градско сега услугите на Агенцијата за вработување можат да ги добиваат во своето населено место.
Општината излезе во пресрет на барањето на Агенцијата и отстапи на користење дел од своите простории.
Градоначалникот на општина Градско, Жанета Чаушевска рече дека 80% од обврските граѓаните ќе можат да ги завршат во канцеларијата во Градско, додека само мал дел останува да се заврши во Велес.
Целта на отворањето на дисперзираната канцеларија, според надлежните од Агенцијата за вработување е доближување на услугите кои ги нуди Агенцијата до жителите на Општина Градско, но и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, ефикасноста на услугите кои се обезбедуваат, како за лицата кои бараат работа, така и за работодавачите./А.Д