Граѓански фото објектив: Еже во Велес
Објавено на 27 мај, 2024 во 10:40
Велешанката Ангела Димитрова до редакцијата на Дума.мк испрати три фотографии за категоријата „Граѓански фото објектив“ на кои се гледа еже коешто таа во вечерните часови случајно го забележила во двор на зграда и веднаш го фотографирала.
-Минувајќи покрај велешки познатата „Жаба зграда“ случајно во тревата забележав еже. Имаше некоја средна големина и беше преубаво. Бев пресреќна и веднаш го извадив мобилниот телефон за да го фотографирам. Во тој период во тревата беше само ова еже, можеби има и други но биле скриени, додава Димитрова.
Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил [email protected] или на нашата фејсбук страница.
Дума.мк