Хоспитализирани 51 ковид пациенти во велешка болница, најмладиот на седумнаесет годишна возраст
На Инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес од Ковид-19 се лекува најмладиот, 17 годишен пациенти.
Вкупно се хоспитализирани 51 пациенти од кои 33 се потврдени позитивни на коронавирусот, десет се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Маж на 47 годишна возраст од Велес е префрлен на Инфективна Клиника, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 26 ковид пациенти од кои на Инфективно одделение 14, на Интерно одделение четворица и во Модуларна болница осум пациенти.
Во текот на денот примени се тројца пациенти, двајца се лекуваат на Инфективно одделение и еден пациент е преместен во Модуларна болница од Интерно одделение.
Од болничко лекување испишан е еден пациент како оздравен.
Стефани Манева