Хуманитарна акција, во понеделник и вторник, во Младински парк за помош на велешанецот Бране – Да дојдеме во што поголем број!

Објавено на 20 јуни, 2025 во 10:56

На 37 годишниот Бране Марковски од Велес, по дијагностицирање на канцер на бели дробови и тумор на црн дроб, потребна му е граѓанска помош за итно лекување во болница во Турција. Станува збор за скапо лекување што Бране и неговото семејство не можат сами да го финансираат. „Секоја минута е важна за да се добие битката со болеста“, напишаа хумани граѓани кои се обидуваат да му помогнат на нашиот сограѓанин. Отворени се и две телефонски линии на мобилните оператори за собирање на донации.

Граѓани, на А1 ѕвонете на 143 504 а на Т мобил на 143 126.

ВЕЛЕШАНИ СЕКОЕ ЅВОНЕЊЕ НА ОВИЕ ДВА БРОЈА СЕ НАДЕЖ ЗА СПАС НА МЛАДИОТ ЖИВОТ!

ЗНАЧАЕН Е И СЕКОЈ ГРАЃАНСКИ ДЕНАР ШТО ЌЕ ГО УПЛАТИТЕ НА ЖИРО СМЕТКАТА: 300277092345482 во Комерцијална банка!

„Сограѓани дојдете во понеделник 23 и во вторник на 24 јуни во Младински парк од 19:00 часот на дружба за помош на Бране. Донирајте во поставените каси ! Донесете ги и вашите деца, за нив ќе има забава со Кловн ДЕДИ и Магична забава и покажете им дека хуманоста и епатијата треба да ги водат низ животот!“, напишаа граѓани кои се организатори на хуманитарната акција.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.