Изгоре 58 годишен велешанец во пожар што избувна во неговиот дом, затруен неговиот брат

Објавено на 16 март, 2023 во 10:22
Фото: Опожарената куќа

Пожарот се појавил во 3:35 часот во куќа на ул: „Коле Цветков“ бр.102 во Велес рано утрово и освен што ја пеплосал внатрешноста го јагленосал 58 годишниот Ц.М од Велес. Од чадот се затрул и неговиот брат Ц.А. Останатите членови на семејството, две жени, доживеале стрес. Тие биле прегледани и ним им била подделена терапија.

„Здравствената екипа за жал само констатирала смрт кај С.М додека неговиот три години постар брат е пренесен на Интерно одделение во велешка болница. Исто така интервенирано е и врз две жени на возраст од по 58 години за кои не била потребна болничко згрижување,  рече др Сања Мишева од Итна Медицинска помош.

„По примена дојава во 3:55 часот во гаснењето на пожарот учествуваа шест пожарникари со две возила на Територијалната противпожарна единица Велес. Пожарот беше локализиран за триесетина минути, а ликвидиран е во 5:00 часот“, соопшти коминдирот Димче Јованов.

Според портпаролот на СВР Велес, во моментот се реализира увид од страна на Увидна полициска екипа во присуство на Јавен обвинител.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.