Измамен кавадарчанец за сума од 13.000 денари
Објавено на 14 март, 2023 во 11:13

Триесет годишен кавадарчанец, во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, пријавил дека е измамен од едно лице за сума од 13.000 денари. Според пријавеното, ден претходно, лицето му се јавило и се договориле да изврши чистење на објект во село Чашка, велешко.
– Како што е пријавено, лицето побарало од него пред да дојде во Чашка, во Росоман да ги даде парите на друго лице кое треба да ги однесе на лице во Неготино за наводен долг, соопштија од СВР Велес.
Откако тој ги дал парите и стигнал во Велес, лицето не му се јавувало на телефон, по што сфатил дека е измамен. Од СВР Велес додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Стефани Манева
