Јанчев даде отчет за првите сто дена: Реализирани се голем број капитални проекти
Објавено: 21 февруари, 2022, во 14:47 часот
Предизборната програма се реализира од првиот ден од новиот мандат – рече на денешната прес конференција градоначалникот Митко Јанчев кој даде отчет за сработеното во првите сто дена од вториот мандат.
„Силно верувам дека исто како и во претходниот мандат предизборната програма ќе се реализира во многу краток временски период“, рече Јанчев и нагласи дека Кавадарци веќе одамна отскокнува од другите општини во повеќе сегменти.

