Јорданов: Во Велес ќе се почувствуваат младешкиот елан и дух, нека победат најдобрите на „29 Домијада“

Објавено на 27 мај, 2023 во 09:43

Со изведба на химната на Македонија и химната на Велес, на оперската певица Вероника Караколева, започна свеченото отворање на дваесет и деветото издание на државната манифестација „Домијада“. Годинешната средба на учениците на средношколските и студентските домови во државата се одржува во Велес. Домаќин е Средношколски дом „Лазар Лазаревски“.

„29 Домијада“ за отворена ја прогласи директорот на велешкиот средношколски дом, Марјан Јорданов. Тој им посака добредојде на 200 средношколци и студенти од Македонија како и на гостите, директори на средношколски и студентски домови, во државата и на гостите од Словенија,Хрватска,Србија,Црна Гора и Косово.

Во име на гостите, за топлото добредојде и гостопримство, на македонски јазик се заблагодари Љубиша Антониевиќ, директор на белградскиот дом, во соседна Србија.

Во културно уметничкиот дел на свеченоста настапија музички талентирани средношколки на Средношколски дом „Лазар Лазаревски“, Градскиот хор „Свети Кирил и Методиј“ и балерините на „Анабела“ .

Свеченото отворање на „29 Домијада“, спортска и културна државна манифестација, се одржа во салата „Гемиџии“ во Велес.

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.