Кај кавадарчанец пронајдени марихуана и прашкаста материја
Објавено: 6 мај, 2022, во 11:25 часот
Полициски службеници од ОВР Неготино, вчера, го лишеле од слобода триесет и едно годишниот М.А од Кавадарци.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, пишува во дневниот билтен на МВР.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот против аквадарчанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева




