Кавадарчанец бил истепан од таткото на девојката, друг кавадарчанец ја истепал својата жена
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/12/кавадарци-од-воздух-4-1.jpg)
Во Сектор за внатрешни работи Велес вчера, биле пријавени два физички напади во Кавадарци.
Во првиот случај полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода триесет и шест годишниот М.В од кавадаречко село, бидејќи во семејната куќа физички ја нападнал неговата четири години помлада сопруга и се заканувал на нејзиното семејство. Од СВР Велес додаваат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а М.В. е задржан во полициска станица и по целосно
документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вториот случај го пријавил 22 годишен кавадарчанец час и половина по полноќ. Тој пријавил дека во кавадаречко село бил физички нападнат од таткото на неговата девојка. Се преземаат
мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)