Кавадарчанец ги истепал својот татко и сестра, други двајца се тепале во двор, росоманец се заканувал на својата жена
Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека во текот на вчерашниот ден во ОВР Кавадарци биле пријавени два физички напади и упатувања на закани кон сопруга од страна на мажот.
Првиот случај бил пријавен два часа и 15 минути по полноќ, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода 31 годишниот Л.В од Росоман кој во семејниот дом упатил закани кон неговата три години помлада сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Потоа, вториот случај бил пријавен во 14:35 часот кога биле приведени четириесет годишниот С.А и осум години помладиот Т.С од Кавадарци. Двајцата кавадарчани во заедничкиот двор од нивните домови го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Во 19:05 часот, полициски службеници го лишеле од слобода и читиресет и две годишниот В.Б од Кавадарци.
-Во семејниот дом во Кавадарци, по претходна расправија, физички ги нападнал неговиот 75-годишен татко и неговата 49-годишна сестра, по што со дрвен предмет оштетил дел од покуќнината. В.Б. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Дума.мк