Кавадарчанец нападнал таксист, друг се однесувал агресивно кон полициски службеници
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/kavadarci.png)
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден во Одделение за внатрешни работи Велес биле пријавени три случаи. Првиот бил пријавен, на 1 јануари, во 22:20 часот кога 60 годишен кавадарчанец бил нападнат од А.Н, кого претходно го превезувал со своето такси.
Потоа, два часа по полноќ, на 2 јануари, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци бил приведен четириесет и три годишниот А.Н затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Петнаесет минути по втората пријава, полициски службеници привеле уште двајца кавадарчани, 47 годишниот А.Р и 31 годишниот Т.С. Тие пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување.
По документирање на трите настани против сите кавадарчани ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)