Кавадарчанец починал во сообраќајна несреќа кај исклучокот за Каласлари

На автопатот „Пријателство“ во правец од Велес кон Градско, во близина на исклучокот за село Каласлари, вчера се случила сообраќајна несреќа во којашто починал четириесет и четири годишниот Р.И од Кавадарци.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека кавадарчанецот управувајќи го своето патничко возило „фолксваген голф“ удрил во заштитната ограда од коловозот.
-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, додаваат од МВР.
Сообраќајната несреќа во Сектор за внатрешни работи Велес била пријавена во 11:15 часот.
Стефани Манева
