Кавадарчанка измамена со ветување за добивка од еден милион долари

Објавено на 29 јули, 2022 во 16:06

Четириесет годишна жена од Кавадарци, вчера, во Полициска станица Кавадарци пријавила дека во периодот од 2019 до 2022 година од едно лице била доведена во заблуда дека за вложени пари во странска банка ќе добие голема камата и награда од 1 милион долари.

Според пријавеното, таа му дала пари на рака, а потоа и уплатила пари на сметка на банката.

Според полициската пријава, во мај 2022 година, жената ги побарала парите преку електронска адреса на која контактирала со банката, но трансферот на пари, кои требало да и ги вратат, не бил реализиран.

Од СВР Велес информираа дека работат на расчистување на случајот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.