Александар Панов кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци

Објавено на 16 февруари, 2013 во 15:24

Актуелниот градоначлник на Кавадарци, Александар Панов е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани за 24 март.

По долго тактизирање сепак партијата доцна синоќа одлучи Панов да учествува во градоначалничката трка за втор мандат.

Александар Панов, роден на 11.08.1969год. во Кавадарци, сопруг на Марија и татко на две женски деца Оливера и Ирина. Основно и средно образование(информатички техничар) завршува во Кавадарци.Образованието го продолжува на Правниот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и методиј” во Скопје каде дипломира во 1996 год. стекнувајќи се со називот дипломиран правник.Од 1996 до 1997 стажира во адвокатската канцеларија на Елизабета Јосифова во Кавадарци.

Во мај 1999 год. се вработува во ЈП”Комуналец”-Кавадарци. како правник, референт по застапување и оптужување и работи се до декември 2008.Од декември 2008 до април 2009 ја извршува функцијата раководител на ЈП”Македонски пошти” подружница Кавадарци. Во 1997 год. е учесник на масовните протести против тогашната власт,а во 1998 станува член на ВМРО-ДПМНЕ. Од 1998 до 2002 е активен учесник во сите изборни циклуси.Во 2003 год. е избран за член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.Од 2005 до денес е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ а истовремено и координатор на истата. Во 2006 год. е назначен за Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци а во 2007 год повторно е избран за член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. На вонредните парламентарни избори во 2008 год. е дел од пратеничката листа во 4та изборна единица, кога во Кавадарци е забележана најголемата победа против СДСМ изразена во сооднос 3:1. Учесник е на 7та сесија на Политичката академија во организација на институтот”Павел Шатев” и фонданцијата “Конрад Аденауер”.

Поминувајќи низ механизмот на внатрепартискиот конкурс во 2009 год. е избран за кандидат за Градоначалник на Општина Кавадарци. По локалните избори март 2009г. со огромна подршка од жителите на Општина Кавадарци е избран за градоначалник на Кавадарци во првиот изборен круг./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.