Опозицијата не оди на избори и во Кавадарци!

Објавено на 17 февруари, 2013 во 00:18

Како што беше најавено во текот на денот, опозицијата ниту во Кавадарци до 00.00 часот не достави кандидатски листи за градоначалник и советници.

Се почитува ставот на партијата и опозицијата нема да учествува на локалните избори. Официјално дека опозицијата не достави кандидатски листи доцна вечерва ни потврди и претседателката на ОИК, Марија Јованова.

Таа информира дека до законски утврдениот рок до ОИК биле доставени 11 советнички лисити и 4 градоначалнички.

Одлуката за бојкот на изборите од страна на опозицијата кавадарчани ја коментираат најразлично. Едни велат дека е донесена погрешна одлука, а други дека одлуката е сосема исправна бидејќи морало да се врати демократијата во Македонија. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.