Атанасов: „Никој да не се обидува да ја брише и менува историјата“!
„Да си ја почитувате историјата на НОВ! Таа не е наша партизанска историја, тоа е историја на македонскиот народ.Таа историја не е моја или незнам на кој борец. Знаеме дека никој не живее од минатото но, знеме и дека е убаво кога имаш корен. Тогаш направивме национална слобода. Ни еден народ нема само розова историја.
Се лутам страшно многу зошто некој сака да ја избрише Народно Ослободителната Војна. Тоа е наша војна. Тоа е војна на овој народ. Затоа младите посебно ги поздравувам и им порачаувам да си ја земат историјата. Никој не успеал ја избришал историјата, затоа никој и нека не се обидува да бриши историја“ ова го порача генералот во пензија Тодор Атанасов на јубилејното одбележување 70 години од формирањето на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“.
Овој значаен историски момент за макдонската слобода се чествуваше на спомен костурницата која е сместена во градскиот парк во Кавадарци. Покрај членовите на Сојузот на борци од Кавадарци и нивните почитувачи свежо свеќе на костурницата положија и претставници на боречките сојузи од Неготино, Велес и Прилеп и претставници на локална самоуправа Кавадарци.
„Јас не сум во стројот на тиквешкиот одред, но ја помагавме акцијата на тиквешкиот одред. Овој одред на некој начин има некои посебни особини. Дејствуваше во стратешки важно подрачје.Се формираше под карпата Вишешница. Во стројот се најдоа и прилепчани, велешани од одредот „Димитар Влахов“. Сега некој критикува дека не сме настапувале како војска доволно.Нема ни една војска во светот што само настапува. Сите војски настапуваат и бегаат. За прват во селото Бојанчиште се слушна Напред македонска војско!“ нагласи во своето сеќавање македонскиот генерал во пензија, Атанасов.
Рече дека бил лут што партизаните сега ги политизираат иако тие учествувале во изградбата на државата и го дале својот придонес за денешната слобода./ А.Д