ОБНОВЕНО: Повредени пет лица во сообраќајка на патот Градско-Прилеп!

Објавено на 22 мај, 2013 во 18:50

Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајната несреќа  што попладнево околу 17.30 часот  се случи на патот Градско-Прилеп кај месноста „Фаришка спирка“ во близина на селото Фариш.

Според информации од полицијата,  дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила,  џип „КИА“ со охридски регистарски ознаки и „Цитроен“ со битолска регистрација.

Четворица од повредените се здобиле со тешки телесни повреди, тројца со скршеници се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите се задржани  на лекување во кавадаречката болница.

Првичните информации говорат дека до несреќата дошло поради неприлагодена брзина спрема условите на патот.

Час и половина претходно се случила уште една сообраќајна несреќа кај мотелот Дреново. Се судриле товарно и патничко мотороно возило. Патниците се здобиле со полесни повреди. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.