Дружење на пензионери од Кавадарци и Пустец-Албанија
Објавено: 3 август, 2013, во 11:09 часот
Пензионерите од Кавадарци и Пустец, Албанија, денеска другаруваат во кавадаречкото село Чемерско. Соработката која по иницијатива на Здружението на пензионери Кавадарци започна минатата година сега е продлабочена
Денешниот ден пензионерите го испланира за другарување но и одмерување на силите на спортски план. Луѓето од третото доба денеска ќе се натвреваруваат во 11 дисциплини. Ќе играат шах, пикадо, ќе се влечат на јаже, ќе играт пинг понг, а ќе има и други натпреварувања.
Предвиден е заеднички ручек и прошетка по селото Чемерско.


