Ограбен таксист во Кавадарци

Објавено: 28 август, 2013, во 09:57 часот

Таксистот С.Г од Кавадарци синоќа е нападнат од засега сеуште непознат разбојник. Одземени му се 2000 денари и мобилниот телефон.

Таксистот кој возел „Шкода Октавија“ бил повикан на улицата „Браќа Џунови“ во Кавадарци од каде се качил разбојникот во такси воизлото и побарал да биде пренесен до Росоман

Разбојникот за време на патувањето седел на задното седиште и кога пристигнале пред мостот извадил нож, му го ставил под вратот и со присила одземал од него мобилен телефон и две илјади денари по што веднаш побегнал.

Таксистот го пријавил нападот во кавадаречката полиција и се трага по разбојникот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.